Пред да ја споделите вашата приказна..

..слушнете ја нашата

Пред неколку години, Ангела, млада, креативна и полна со љубов, ја организираше сопствената веридба, а потоа и свадба.

Со една тетратка и огромна инспирација, таа внимателно ги избра цвеќињата, декорацијата, музиката и секој мал детаљ. Настаните поминаа совршено, а гостите беа воодушевени.

После неколку месеци, нејзиниот телефон не престануваше да ѕвони. Пријатели, познаници, па дури и непознати – сите сакаа „свадба организирана од Ангела“. Така, во мала куќа во Скопје, се роди „Unique Crafts“.

"Јас сум Ангела, и заедно со мојот сопруг Виктор, сум ко-основач на Unique Crafts.


Мојата страст за свадбени планирања започна од желбата да создадам незаборавни моменти за луѓето што ги сакам.

Со многу љубов и посветеност, јас и сите поединци во нашиот голем тим, се грижиме за секој аспект – од изборот на декорацијата, до координирањето на секој момент, така што младенците можат да бидат "гости на својата свадба" и да уживаат во својот посебен ден без стрес''


Внимателно испланирано, Беспрекорно реализирано.


Пишете ни порака за повеќе детали ..